Sunday, May 20th

Последно освежување:07:40:00 PM GMT

Трпение

Е-пошта Печати PDF

tpnГосподи да бидам трпелив не е лесно. Јас имам мој дневен ред на нештата што треба да се направат - и јас сум фрустриран  и јадосан кога нешто нема да се направи. Сепак трпението ќе дојде кај мене кога искрено ќе ти се предадам Тебе - затоа еве сум Боже. направи што сакаш со мојот живот. Во Твое  време, на Твој начин.
Амин.
И така бидете трпеливи  браќа до Господовото доаѓање! Ете земјоделецот го чека скапоцениот род од земјата чека  трпеливо  додека не го прими раниот и доцниот дожд. Чекајте трпеливо и вие  зацврстете ги своите срца, зашто е близу Господовото доаѓање.
(Јаков 5:7-8)

Имено  каква е пофалбата  ако трпите кога ве казнуваат  за вашите престапи. Но ако страдате и трпите кога правите добро тоа е благодат од Бога.
(1Петрово 2:20)

Сметајте ја за чиста радост браќа мои кога ќе паднете во разни искушенија знаејќи дека  испитувањето  на вашата  вера  создава трпение! А трпението нека има совршено дело за да бидете совршени и потполни: без никаков недостаток.
(Јаков 1:2-4)

да не бидеме уморнио да правиме добро зашто ќе жнееме  во право време ако не се умориме.
(Галатјаните 6:9)

Да го држиме  непоколебливо исповедувањето  на нашата надеж зашто е верен Оној Кој ветил!
(Евреите 10:23)

Но не само тоа туку  се фалиме  и во неволјите , знаејќи дека  неволјата раѓа трпение, трпението  искуство, а искуството надеж.
(Римјаните 5:3-4)

А кој ќе издржи до  крај ќе биде спасен.
(Матеј 24:13)

Биди трпелив  кон сите, а пред се со себеси. Значи не биди обесхрабрен од твоите  недостатоци туку секогаш издигни се со нова  храброст.
Francis De Sales

И да не бидете мрзливи туку да се угледате на оние кои   преку вера  и трпение  го наследуваат ветувањето.
(Евреите 6:12)

Имено вам вие потребно трпение за да ја исполните Божјата волја и да го добиете ветувањето.
(Евреите 10:36)