Sunday, May 20th

Последно освежување:07:40:00 PM GMT

Лажење

Е-пошта Печати PDF

lmstГосподи направи ме чесна личност!
Амин

Не лажете се еден друг зашто го соблековте стариот човек со неговите дела  и облековте нов кој се обновува  во полно познавање по образот на Оној кој го создал.
(Колосјаните 3:9-10)

Не колнете се лажно во Моето  име  и не осквернувај  гио името на твојот Бог : Јас Сум Господ.
(Левит 19:12)

Се додека можеме да го разликуваме  секој простор што и да е помеѓу вистината и нас ние остануваме надвор од тоа.
Henri Amiel

Колку пати  ќе те заколнувам  за да ми кажеш само вистината во Господово Име?
(1Цареви 22:16)

Безбожниците се на крив пат уште од раѓањето, лагачите се на крив пат од мајчината утроба.
(Псалм 58:3)

Вистинскиот сведок не лаже, а лажниот сведок шири лага.
(Пословици 14:5)

Лажлив сведок не останува без казна, и  кој шири лага ќе пропадне.
(Пословици 19:9)

Лажливиот сведок не останува без казна и кој шири лаги нема да избега.
(Пословици 19:5)

Не сведочи лажно против својот ближен, зар ќе мамиш со своите усни?
(Пословици 24:28)

Ако некој лажен  сведок  стане против  некого обвинувајќи го за  буна тогаш дватѕа коои се спорат нека стапат пред Господа пред свештеникот и пред судиите кои ќе ја вршат службата  во тоа време. Судиите нека спроведат основна истрага. Ако се покаже дека сведокот е лажен и дека сведочел лажно против брата си направете му онака како што тој му намислил на својот брат. Откорнете го злото од својата средина.
(Второзаконие 19:16-19)

Човек кој сведочи лажно против својот ближен  тој е како  палица и меч и остра  стрела.
(Пословици 25:18)

Не давај лажни изјави! Не помагај му на злосторникот сведочејќи криво.
(Излез 23:1)

Ако ли пак во своето  срце имате горлива завист  и карање, не се фалете и не лажете против вистината!
(Јаков 3:14)

Вистинитата уста : трае довека а лажливиот јазик само за миг.
(Пословици12:19)

Секој кој  станал макар и еднаш злогласник како главен измамник дури и кога би ја зборувал вистината никој не би му поверувал.
Phaedrus

Шест нешта мрази Господ а седум се гнасни на Неговата душа: Горделиви очи, лажлив јазик, раце што пролеваат невина крв, срце што замислува грешни мисли, нозе што итаат на зло, лажен сведок кој шири лага и човек кој сее раздори меѓу браќата.
(Пословици 6:16-19)