Sunday, May 20th

Последно освежување:07:40:00 PM GMT

Ти си тука: Теологија Христијански живот Сакајќи го Бога

Сакајќи го Бога

Е-пошта Печати PDF

skgПотсети ме Исусе дека најдобар начин да Ти ја покажам мојата љубов е да ја покажам мојата љубов кон луѓето околу мене. Те молам  помогни ми  да растам во љубовта како и да се отварам себеси се повеќе и повеќе кон Твојот Дух.

Амин

Затоа знај дека Господ Твојот Бог е вистински Бог верен Бог Кој го пази Својот Завет и ја искажува Својата милост до илјада поколенија на оние кои  Го љубат и ги пазат Неговите заповеди.
(Второзаконие 7:9)

Јас ги љубам оние кои ме љубат мене и ме наоѓаат кои ме бараат.
(Пословици 8:17)

Љубовта кон човекот те води  кон љубовта  кон Бога.
Индиска пословица

Кој ги има Моите заповеди и ги пази, тој Ме љуби а кој Ме љуби Мене  него ќе го љуби Мојот Татко и Јас ќе го љубам  и ќе му се јавам  Сам.
(Јован 14:21)

Туку како што е напишано: Што окото не виде, што увото не чу што во човечкото срце не дојде тоа бог го приготви за оние кои го љубат.
(1 Коринтјани 2:9)

Да им дадам имот на оние кои ме љубат и да ги напонам нивните сокровишта.
(Пословици 8:21)

Сета твоја  радост  нека биде во Господа .Тој ќе ги исполни желбите на твоето срце!
(Псалм 37:4)

Господ ги пази оние  кои Го љубат, а ќе ги сотре сите злосторници.
(Псалм 145:20)

Ќе го избавам зашто Ме љуби ќе го закрилам зошто го познава Моето име.
(Псалм 91:14)

Благодат со сите кои беспрекорно Го љубат нашиот Господ Исус Христос. Амин.
(Ефесјаните 6:24)

Затоа ако навистина  ги послушате  заповедите што  ви ги давам  денес  и ако  Го љубите  Господа својот Бог и ако Му служите  со сето свое  срце и со сета  своја душа ќе и давам на вашата  земја дожд  во право време : наесен  и напролет и ќе можеш да ги собираш своето жито, своето вино и своето масло ќе му давам трева на твоето поле за твојот добиток. Така ќе јадеш и ќе бидеш сит.
(Второзаконие 11:13-15)