Sunday, May 20th

Последно освежување:07:40:00 PM GMT

Ти си тука: Теологија БОГ-ЧОВЕК Божја љубов

Божја љубов

Е-пошта Печати PDF

Знам Боже дека Твојата љубов е над  моите сваќања. Ти благодарам  што  каде и да одам и што и да се случи јас никогаш нема да ја изгубам твојата љубов.
Амин
И ние ја запознавме и веруваме  во љубовта која Бог ја има кон нас. Бог е љубов и кој останува во љубовта останува во Бога  и Бог останува во него.
(1Јованово 4;16)

Зашто  Самиот Татко  ве њуби зошто вие Ме  љубевте Мене и верувате  дека Јас сум  излегол од Бога.
(Јован 16:27)

Ние Го љубиме зошто прво Тој не возљуби нас.
(1 Јованово 4:19)

Зашто  Бог толку  го возљуби светот што Го даде Својот Единороден  Син  та секој кој верува во него  да не загине туку да има вечен живот.
(Јован 3:16)

Господ  им ги отвара  очите на слепите. Господ ги исправа наведнатите, Господ ги љуби праведните.
(Псалм 146:8)

Патот на  нечесните Му е омразен на Господа а возљубен Му е оној кој оди по правдата.
(Пословици 15:9)

Како што  младецот се жени со девица така синовите ќе се оженат за тебе и како што младоженецот и се радува  на невестата твојот Бог ќе ти  се радува тебе.
(Исаја 62:5)

Љубовта е  во ова  не дека ние сме Го возљубиле Бога  туку  Тој  не возљуби нас и Го испрати  Својот Син како жртва помирница за нашите гревови.
(1 Јованово 4:10)

И ќе се  радувам  правејќи им добро и цврсто ќе ги  засадам во оваа земја со сето свое срце и со сета своја душа.
(Еремија 32:4)

Ќе ги исцелам  од нивното отпаѓање ќе ги  љубам од  сето срце зашто Мојот гнев се одврати од нив.
(Осија 14:5)

Љубовта  е најдоброто нешто што  Бог може  да ни го даде ;Зошто Тој Самиот  е љубов  и е најдоброто  нешто што ние можеме  да му го дадеме на Бог.
Jeremy Taylor

Господ твојот Бог е во твоја средина  силен спасител! Тој ќе ти  се радува тебе полн со веселба  ќе ти биде милостив  во Својата  љубов ќе воскликнува радосно над тебе.
(Софонија 3:17)

Им го објавив Твоето име и ќе го објавувам  па љубовта со која Ме возљуби  да биде во нив и Јас во нив.
(Јован 17:26)

Ќе те љуби, ќе те благословуива и ќе те размножува, ќе го благословува  плодот на  твојата утроба  и родот на твојата  земја, твоето жито, твоето вино, твоето масло, рожбите на твоите говеда и прирастот на твојот добиток  во земјата  за која им се заколна на твоите татковци дека ќе ти ја даде  тебе.
(Второзаконие 7:13)

Но Бог Кој е богат во милост поради Својата голема љубов со која  не возљуби нас не оживе  заедно со Христа  и нас  кои бевме мртви поради нашите гревови -  по благодат сте спасени! - и со Него не воскресна  и со Него не седна во небесните места во Христа Исуса та во идните векови  да го покаже преголемото бногатство на Својата благодат според Својата добрина кон нас во Христа Исуса.
(Ефесјаните 2:47)

А Самиот Господ наш Исус Христоос и Бог нашиот Татко Кој не возљуби нас и  ни даде вечна утеха и добра надеж по благодатта  да ги утеши вашите срца и да ве утврди во сеење добро дело и слово!
(2Солунјани 2:16-17)