Драги Боже Ти благодарам што можам да зборувам со Тебе и што Ти си мојот најблизок Пријател. Сакам молитвата да ми стане се повеќе и повеќе дел од мојот живот , така што секое нешто што го правам биде молитва што ме приближува се повеќе до Тебе.
Амин
БОГ-ЧОВЕК
Божја љубов
Знам Боже дека Твојата љубов е над моите сваќања. Ти благодарам што каде и да одам и што и да се случи јас никогаш нема да ја изгубам твојата љубов.
Амин
Божјата корекција

Понекогаш Боже, христијаните те прават сериозен, контролор на радоста, и чекаш да не удриш по глава ако ги поминеме границите. Исусе те молам потсети ме дека си по ликот божји и дека се ова е лага. Ти благодарам што си родител полн со љубов кој секогаш го посакува најдоброто за мене дури и кога велиш не! знам дека е само затоа што сакаш многу подобро за мене. Помогни ми да ја видам твојата љубов дури и кога ме корегираш.
БРАКОТ СКЛУЧЕН ВО ЕДЕМСКАТА ГРАДИНА

Бракот претставува заедница која е воспоставена, осветена и благословена од Бог. Постоењето на брачна заедница помеѓу маж и жена исполнета со посветена и верна љубов е основната Божјата воља за човекот. Бог толку многу посакувал човекот да има помошник крај себе, што во шестиот ден од Создавањето, веднаш после создавањето на Адам, Бог одлучил да извади ребро од Адам и да ја создаде жената. Потоа, Бог Лично ја придружувал Ева при запознавањето со Адам, и тие стапиле во брак пред Бога.
ЕДИНСТВОТО СО ХРИСТА Е НАШЕ ПРЕДИМСТВО

Не е само првенство туку и должност на секој христијанин, да одржава интимно единство со Христа, и да постигне богато искуство во Божјите работи. Тогаш неговиот живот ќе биде плоден во добри дела. Христос вели: Со тоа ќе се прослави Мојот Отец, ако вие принесувате многу плод и ако бидете Мои ученици (Јован 15:8). Кога ги читаме биографиите на луѓето кои биле познати по својата побожност, ние сметаме дека нивните искуства и достигнувања се далеку пред нашите можности.
Повеќе Артикли...
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
БОГ-ЧОВЕК



