
Носач на вода во Индија имал две големи грниња, секое висејќи на крајот од стапот што го носел околу неговиот врат. Едно од грнинњата имало пукнатина, додека другото било совршено добро и секогаш ја донесувало целосната количина на вода на крајот од долгиот пат од потокот до куќата на господарот. Грнето со пукнатина секогаш било полу празно.




Си бил еднаш еден крал кој понудил награда за уметност за да се наслика најдобрата слика за мир. Многу уметници пробале. Кралот погледнал во сите слики, но имало само две кои навистина му се допаѓаат и мораше да избере помеѓу нив двете. На едната слика беше насликано мирно езеро. Езерото беше совршено огледало за мирните високи планини кои беа насекаде околу него. Над него имаше сино небо со меки бели облаци. Сите кои ја видоа оваа слика мислеа дека тоа е совршена слика за мирот.
Еден ден одлучив да се откажам...
Една стара легенда раскажува за тројца мажи ,кои носеле секој по две вреќи. Но теретот не го чувствувале подеднакво. Вреќите им биле, едната од напред, а другата од назад, виселе обесени на дрвена мотика на рамената. Го прашале првиот човек што има во вреќите. Одговорил: „Сите мои успеси, сите добри дела на моите пријатели, сите животни радости - се во вреќата однапред. Скриени од погледите, завршени, прикриени со лисја, не ми сметаат многу. Во вреќета однапред ги имам сите лоши и грди работи кои ми се случиле. Одам, застанувам често, ги вадам, набљудувам, проучувам, размислувам што да правам. Постојано сум со нив, и во мислите и во чувствата. Постојано работам на нив.“

