Од најраните денови на постоењето на адвентистичката Црква, адвентистите пееле песни за блажената надеж во второто доаѓање на Исуса Христа (Тит 2,13).Како што покажува и делот на името на нашата Црква, ние очекуваме буквално второ Христово доаѓање. Христос пак ќе дојде, и тоа ќе дојде наскоро, иако не ни го открил точното време на своето доаѓање. Затоа што веруваме дека еден ден ќе го видиме Исуса како доаѓа во слава, опкружен со своите свети ангели, ние сме среќни луѓе и нашите песни ја одразуваат нашата радост.