Wednesday, Feb 22nd

Последно освежување:04:55:46 PM GMT

Ти си тука: Разгледај Новости Од Македонија

Од Македонија

КОНЦЕРТ НА ХРИСТИЈАНСКИ ПЕСНИ ВО СКОПЈЕ

Е-пошта Печати PDF

7.01.2012_Vlae_Koncert_061

Во салата на Христијанската адвентистичка црква Влае во Скопје во сабота на 7 јануари 2012 година се одржа концерт на христијански песни со повеќе учесници, меѓу кои беа и членовите на детското хорче „Капки“ од Скопје.
Солист на концертот беше Сузана Томовска, која песните ги придружуваше на гитара, заедно со гостите Бобан Мојсовски и Љупчо Антовски на клавијатури, црковниот состав и извонредниот инструменталист на саксофон и на кларинет Илија Ампевски. Како круна на вечерта на концертот учество зеде Мерсиха Шукри од македонската филхармонија. Исто така учество на концертот зедоа подмладокот во скопксите цркви Сања Кушевска – пијано и Ана и Ева Томовски – пијано.

Повеќе...

Струмичани во посета на Велешката црква

Е-пошта Печати PDF

ww2На 9 Април во раните утрински часови група на верници од Струмичката црква се упатија во Велес одговарајќи на повикот што неодамна им го упатија браќата и сестрите од Велешката црква, заедно да го прослават Божјето име. Гостопримливоста на Велешани ја почувствувавме уште на паркингот каде бевме пречекани со добредојде и желби за Саботен мир и благослов.

Повеќе...

КРШТЕВАЊЕ

Е-пошта Печати PDF

ww1На ден 16 Април во црквата Кавадарци имавме свечен чин на кој се радуваше небото а и браќата и сестрите од локалната црква како и од Свети Николе и Штип. Завет со Господа преку чинот крштевање стори брат Љупчо Јорданов од Свети Николе. Брат Љупчо веќе неколку години се дружи со Бога преку неговата Реч - Светото Писмо.

Повеќе...

Извештај од Струмичкиот регион

Е-пошта Печати PDF
DSCFwЗа викендот од 18 до 19 Март во посета на месната црква Струмица и Колешино дојде секретарот на Југоисточната Европска Униа брат Игор Босниќ. Во Петокот вечерта брат Игор ни послужи со многу охрабрителна порака од книгата на пророкот Езекиел четиринаесетото поглавие. Во Сабота претпладне имавме прилика да чуеме порака од Евангелието по Матеј 5,38-43 стих.
Повеќе...

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL