
Во салата на Христијанската адвентистичка црква Влае во Скопје во сабота на 7 јануари 2012 година се одржа концерт на христијански песни со повеќе учесници, меѓу кои беа и членовите на детското хорче „Капки“ од Скопје.
Солист на концертот беше Сузана Томовска, која песните ги придружуваше на гитара, заедно со гостите Бобан Мојсовски и Љупчо Антовски на клавијатури, црковниот состав и извонредниот инструменталист на саксофон и на кларинет Илија Ампевски. Како круна на вечерта на концертот учество зеде Мерсиха Шукри од македонската филхармонија. Исто така учество на концертот зедоа подмладокот во скопксите цркви Сања Кушевска – пијано и Ана и Ева Томовски – пијано.
Новости



Притисокот врз оние кои сакаат да ги следат Божјите начела се повеќе се зголемува. Нема сегмент од животот во кој не треба да се покаже на чија страна си. Иако постои цена за направениот избор, примерот кој се дава остава длабока трага. Ова е ден таков пример.
Христијанската Адвентистичка Црква - црква на седмиот ден (Seventh-day Adventist Church) означи 150 години од постоењето на своето име на 01.10.2010 г. Во 1860 г. пионерите на Црквата се собрале во Батл Крик, Мичиген и одбрале име за движењето кое имало околу 2500 приврзаници во северно-источниот дел на САД и југо-источниот дел на Канада.. Денес ова движење има повеќе од 16 милиони крстени верници и ја има најголемата Протестанска мрежа на училишта и болници во светот.
На 9 Април во раните утрински часови група на верници од Струмичката црква се упатија во Велес одговарајќи на повикот што неодамна им го упатија браќата и сестрите од Велешката црква, заедно да го прослават Божјето име. Гостопримливоста на Велешани ја почувствувавме уште на паркингот каде бевме пречекани со добредојде и желби за Саботен мир и благослов.

