Sunday, May 20th

Последно освежување:07:40:00 PM GMT

Ти си тука: Разгледај Наука Астрономија

Астрономија

КОЛКУ Е ГОЛЕМ БОГ?

Е-пошта Печати PDF

gl-stНеодамна, леталото Нови Хоризонти, тргна на десетгодишно патување до Плутон. (со екипажот и со максимална брзина, ќе им треба околу 17 години). Засега, нашите патувања на подалечни места остануваат сон.

Филмовите не залажуваат со таканаречената ворп брзина, но вистинското меѓуѕвездено патување е ограничено со брзината на светлината – 299.791 км/секунда. Кога би тргнале на истражување,малку би се менувал призорот во текот на патувањето, зашто дури по 4,3 години би се појавила најблиската ѕвезда Алфа Кентаури.

Повеќе...

КОГА ЈА ПОСМАТРАМЕ МЕСЕЧИНАТА

Е-пошта Печати PDF
Кога човекот зачекори на Месечината, неговите први зборови ги запамети целиот свет. Космонаутот Армстронг тогаш рече: „Оваа е малечок чекор за човекот, но џиновски за човештвото„. Одненадеж човекот со џиновски чекор зачекори во ѕвездените простори. Научниците тие денови имаа многу да кажат за летот на Месечината од научна гледна точка. Во часот на оваа голема победа на човечкиот ум и на најголемото остварување на човечкиот дух, нагласок е ставен врз човечката генијалност. Иако Бог го создал човекот и сите негови способности, човечката генијалност е пренагласена, а Божјето величество занемарено.
Повеќе...

ВСЕЛЕНСКИ БРЗИНИ И ГОЛЕМИНИ

Е-пошта Печати PDF

Овде ќе споменеме бројки кои се над човечките способности за да се справи со нив и да ги управува. Тие упатуваат на некој кој има сила да ги создаде и да ги контролира.

Повеќе...

БИГ БЕНГ ( ГОЛЕМАТА ЕКСПЛОЗИЈА)

Е-пошта Печати PDF

Се мисли дека пред околу 10 – 20 милијарди години, целата енергија и материја била во едно. Потоа настанала експлозија, која се ширела насекаде. Се претпоставува дека од експлозијата се создадени два елемента; водород и хелиум. Од каде се другите елементи кои денес ги знаеме ? Според теоријата тие произлегле од термонуклеарната фузиона реакција длабоко внатре во одредени ѕвезди. Кога тие ѕвезди

експлодирале  (супернова ) елементите се распрснале низ вселената. Овие остатоци од суперновата повторно се акумулирале и се оформил материјал за Сончевиот систем. Што утврдиле денешните научници.

Повеќе...

ВСЕЛЕНАТА ВО БИБЛИЈАТА

Е-пошта Печати PDF

Од сите соѕвездија, кои на целиот небесен свод ги има 89, Библијата спомнува само неколку, и тоа само два или три пати. Тоа се соѕвездијата Голема Мечка, Орион и Плејади, чии имиња потекнуваат од грчката митологија. Преведувајќи го Стариот завет, Ѓуро Даничиќ, ги користел народните имиња и ги наведувал по ист редослед. Прв пат овие соѕвездија се спомнуваат во Книгата на Јов: ”Тој ги создал Големата Мечка, Орион и Плејадите и ѕвездите на јужното небо” (Јов 9,9).

Повеќе...

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL