Sunday, May 20th

Последно освежување:07:40:00 PM GMT

Ти си тука: Разгледај Наука Археологија

Археологија

ТАЈНАТА НА ПИРАМИДИТЕ

Е-пошта Печати PDF

Постојат многу прашања поврзани со пирамидите Кога се градени, како се градени, кој ги изградил итн. До сега се пронајдени 67 комплетни и 25 некомплетни пирамиди. Најголемата е Кеопсовата пирамида висока 137 м и составена од околу милион блокови кои се тешки од 2-5 тона. Во нив биле погребувани фараоните па денес скоро сите се ограбени.

Повеќе...

ЛАОДИКИЈА

Е-пошта Печати PDF

Името на овој град може да се преведе како “судење на народите“ или како “оправдан народ“. Местоположбата на градот се наоѓала во богатата долина на реката Меандар. На ова место претходно имало помал град, кој порано се викал Диасполис, а подоцна го добил името Роас. Ридчето на кој е подигнат градот е високо 240m. Градот го изградил Антиох II (261-246год. пне.) и го нарекол во чест на својата сестра Лаодица која му била и сопруга. За да го направи што понапреден градот, тој преселува во него околу 2000 семејства Евреи и Сиријци од пределот Вавилонија. Покрај тоа, на сите жители на градот му била гарантирана потполна верска слобода. За време на владеењето на Пергам, Лаодикија била дел од Пергамското царство 188год. пр.Хр. Под Римјаните доаѓа во 129год. Градот зафаќал околу 2,5 квадратни километри површина. На јаките одбрамбени ѕидови се наоѓале 3 врати. Северозападната врата, која се нарекувала Ефеска, во времето на Јован била посветена на Домицијан.

Повеќе...

РАЗУРНУВАЊЕТО НА ЕРУСАЛИМ

Е-пошта Печати PDF

„Да беше узнал барем во оној ден за оние нешта кои носат мир! Но сега се скриени од твоите очи. Зашто ќе дојдат денови за тебе кога твоите непријатели ќе те опкружат со ровови, ќе те опколат и ќе те притеснат од сите страни. И ќе те срамнат со земјата тебе и твоите деца во тебе; и не ќе остане во тебе ни камен на камен, зашто не го препозна времето во кое беше посетен“ (Лука 19,42-44).

Повеќе...

АРХЕОЛОГИЈАТА И ПОСЛАНИЈАТА

Е-пошта Печати PDF

Во оваа статија ќе ги обработиме текстовите што ги пишувале апостолите, под името посланија,упатени до одредени поединци, црковни заедници или поголеми групи луѓе. Колку се точни тие посланија од археолошка и историска гледна точка? Дали можеме да бидеме благодарни што постојат многу податоци за општите прилики во коишто биле напишани тие дела, а кои ја потврдуваат нивната веродостојност.

Повеќе...

Минатото зборува за иднината судир околу Синај

Е-пошта Печати PDF

Откако Израелците излегле од ропство, Египет, Мојсеј ги води во пустината на Синајскиот полуостров. Патувајќи низ пустината, стигнуваат до гората Синај и таму подигаат  логор (види  2 Мојсева  19,1.2). Преданието  старо 1500  год. нија претставува планината Џебел Муса како гората  Синај. Но на спротивната страна се наоѓа планината Расел-Сафсаф, висока 1993 метри. Мнозина веруваат дека тоа е гората Синај, бидејќи во нејзиното подножје се наоѓа огромна долина каде Израелците би можеле да се улогорат. Во подножјето на Џебел Муса се наоѓа манастирот св. Катарина. Во манастирот има библиотека со древни ракописи на грчки, арапски, етиопски и сиријски јазик.

Повеќе...

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL