
Водачите на Црквата во Ел Салвадор сеуште прават проценка на штетата која била предизвикана од големото невреме на ураганот Ида кој поплавил и уништил во одроните многу патишта, мостови и куќи. Во големото невреме страдале повеќе од 170 лица, помеѓу нив и триесет адвентисти, додека 16 од нив се сметат за изчезнати. АДРА веднаш реагирала со 160 доброволци, а властите упатиле три хеликоптери за превоз на храна. Сауил Ортиз, благајник во Средно-американската Унија на тамошната мисија со седиште во Хондурас, која е задолжена за црквата во Ел Салвадор, штотуку се вратил од дводневната обиколка со црковните водачи во Сан Салвадор, главниот град на таа земја. Ортиз изјавил дека еден верник кој успеал да преживее изгубил четиринаесет членови на неговото семејство. ,,Алармантно е што четвртина од загинатите се адвентисти.,, Поради големото невреме 345 адвентистички семејства останале без кров над глава, 206 домови потполно или делумно се уништени, а разурнати се четири црковни згради. ,,Потребно е време овие црковни згради да се обноват и семејствата да се вратат во своите родни краеви.,, рекол Ортиз. Интер-амриканската дивизија и Средно-централната американска Унија на мисијата ставила на располагање посебни средства за настраданите адвентистички семејства кои моментално се сместени на другиот крај. Во меѓувреме верниците чии црковни згради се срушени се собираат во мали групи на богослужение.
Приготвил: Томе Трајков, пастор
| < Пред | Следно > |
|---|
- Микрочипови
- Извинување
- Хаити - нови информации
- Земјотрес во Хаити
- ГЕРМАНИЈА ГО ПОТВРДИЛА НЕДЕЛНИОТ ЗАКОН
- Еден милион оброци
- Новиот претседател на Јамајка - адвентист
- Адвентисти помеѓу жртвите на авионската несреќа во Монтана
- Во Гватемала убиен адвентистички пастор
- БИБЛИЈА НА 66 ЈАЗИЦИ ОДИ НА ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ




