Sunday, May 20th

Последно освежување:07:40:00 PM GMT

Ти си тука: Новости Од Македонија Извештај од Струмичкиот регион

Извештај од Струмичкиот регион

Е-пошта Печати PDF
DSCFwЗа викендот од 18 до 19 Март во посета на месната црква Струмица и Колешино дојде секретарот на Југоисточната Европска Униа брат Игор Босниќ. Во Петокот вечерта брат Игор ни послужи со многу охрабрителна порака од книгата на пророкот Езекиел четиринаесетото поглавие. Во Сабота претпладне имавме прилика да чуеме порака од Евангелието по Матеј 5,38-43 стих.

Се молевме да имаме прекрасно време за да можеме да имаме заеднички ручек со браќата и сестрите од Струмица и Колешино и со нашиот брат Игор Босниќ. И Бог ни подари убаво време се до оној момент додека браќата и сестрите не почнаа да си одат дома, и само што се разделивме почна дождот да паѓа. Така што имавме ново искуство во кое Бог не охрабри покрај духовната храна и со искуство. Попладнето братот Игор послужи во Колешанската црква. Преку него им праќаме поздрави на браќата и сестрите во црквите каде што ќе оди да им послужи од Божјата реч.

Ѓурица Пастоњицки