На ден 15.05.2010 година, базенот во црквата Кавадарци уште еднаш беше наполнет. Овој пат црката топло ги прими новите брат и сестра Јанчови од село Грлани, Виничко. Братот Орце и сестрата Јасминка ги крсти брат Михајло Гурев а со нив проучуваа и ги подготвуваа за крштевање брат Киро Сканарски и локалниот проповедник Ѓурица Пастоњицки.
Топло добредојде во фамилијата на Христијансаката Адветистичка црква им посака братот Ѓурица врачувајќи им го заветот на крштевањето со стиховите од Светото Писмо од Изреки 4 , 23 и Откровение 22, 14 и поклон книга во знак на сеќавање на овој ден кога го направија својот завет со Бога. На овој свечен и многу драгоцен момент на овој брачен пар, беше присутен и нивниот помал син Никола кој изрази желба да биде крстен наскоро.
Драги браќа и сестри ве молиме во своите молитви да го имате ова семејство и нивните блиски, кои исто така заедно со нив ги проучуваа Библиските вистини, и сакаат да го следат примерот на нашиот Господ Исус Христос и на братот Орце и сестрата Јасминка.
Мира Пастоњицки
| < Пред | Следно > |
|---|
- ИЗВЕШТАЈ ЗА ЈУБИЛЕЈОТ ОДРЖАН ВО ШУТО ОРИЗАРИ
- ЕСЕНСКИ ОКРУЖЕН СОБОР ВО СКОПЈЕ
- Окружен Собор во Колешино
- Летна Верска Настава за деца во Струмица
- Крштевање на Бабуна
- АРХЕОЛОШКИ ПРЕДАВАЊА ВО СКОПЈЕ
- ДЕТСКО СОБОРЧЕ ,, ИЗЛЕЗЕ СЕЈАЧ ДА СЕЕ,,
- КОНЦЕРТ НА ГРУПАТА МАРАН-АТА
- КРШТЕВАЊЕ ВО КАВАДАРЦИ
- КОНЦЕРТ НА ГРУПАТА ,,АВЕНИС,, ВО СКОПЈЕ




