

По веста за успешното стапнување на првиот човек на Месечевата површина, мајка му на космонаутот му ја изрази својата благодарност на Бога со зборовите: „Фала на Бога од кого доаѓаат сите благослови!„

Месечината ја открива славата на својот Творец. Таа му припаѓа на Бога. Тоа е голем основен факт на најраното откровение во Библијата. Месечината, како и не броените увезди, се доказ за постоењето на Бога. Вселената е тука, затоа и Бог мора да биде тука. Сите небесни тела нечујно брзаат над нашите глави избалансирани со неверојатна прецизност.
Убавината на Месечината во сите нејзини мени е пословична. Посматрајчи ја Месечината древните народи го заборавиле нејзиниот Творец. Почнале да и се клањаат на Месечината и на сета небесна војска. Уште на почетокот на Библијата Бог преку Мојсеја го опоменал својот народ: Кога ќе ги подигнеш очите кон небото и кога ќе ги видиш Сонцето, Месечината и ѕвездите - сета небесна војска - немој да се измамиш да им се клањаш и да им служиш, зашто нив Твојот Господ Бог им ги даде на сите народи под небото (5.Мој.4,19). Со овој текст е решено и прашањето на правата на користење на Месечината и потврдена нејзината законита припадност на Бога.
Познатиот човек од Уз, Јов, рекол на едно место: Ако сум го гледал Сонцето како свети и Месечината како горделиво патува по небото и ако срцето мое потајно се измамило и им испратило бакнеж - тоа би било грев што вапи за суд, зашто би се откажал од севишниот Бог (Книгата на Јов 31,26-28).Со други зборови, во времето на Јов незнабошците ја обожавале Месечината испраќајќи свои бакнежи кон неа. Токму ваквото обожавање на небесните тела Бог го забранил со своја изрична заповед. И за нас би било добро да се сетиме на следните зборови во прилог на обожавањето на Бога а не на човекот: Туку припомни си за својот Господ Бог, зашто Тој ти дава сила да стекнуваш богатство... „ (5.Мој.8,18).

Кога Месечината во своето движење на патеката околу Земјата ќе изврши полно обиколување, Земјата зазема друга положба на својата патека околу Сонцето. Поради тоа доаѓа до измена на односот на Месечината, Земјата и Сонцето. За да се воспостави истиот однос како во мигот на почнувањето на обиколувањето на Месечината околу Земјата, Месечината треба да патува два дена подолго. Овој временски распон во движењето на Месечината се нарекува синодичка револуција и изнесува 29 дена, 12 часови, 44 минути и 3 секунди. Природно, ова не мораме да го паметиме! Да уживаме додека ја гледаме Месечината и да мислиме на денот кога при Христовото второ доаѓање и самите ние ќе бидеме земени на облаците во пресрет на Господа на небото (1.Сол. 4,17).
Месечината се врти околу својата оска така што таа секогаш не гледа само со едната своја страна. Секоја точка на Месечината има две седмици ден а две седмици ноќ. Бидејќи Месечевата тежа е недоволна да го задржи воздухот на нејзината површина, таа нема воздушна обвивка и не е чудо што на Месечината е толку студено во текот на нејзината двоседмична ноќ а толку топло за време на двоседмичниот ден!
Иако човекот пренесуваше телевизиски слики од Месечината на Земјата и остави траги од своите стапки на неа, сепак тоа супернаучно достигање во ништо не се коси со она што го зборува Библијата. Додека Земјата е создадена за да се „живее„ на неа (Исаија 45,18). за Месечината Библијата зажува дека е создадена за да је освтлува Земјата (1.Мој.1,15). Месечината тоа и го прави.
Кога ја посматраме Месечината, како што го правел тоа псалмистот, добро би било првин на Бога да му дадеме слава за човечкиот лен на Месечината и дури потоа да му оддадеме признание и на човекот. Разумот и самиот живот сме го добиле од Бога. Нему му должиме за секое отчукување на нашето срце. Нашите способности треба да ги користиме да го прославиме нашиот Творец. Само тогаш Бог може да не благослови.
Скокот до Месечината беше епохален настан во историјата на човештвото, но сепак, не треба да заборавиме дека не беше најголем настан по создавањето на светот. Најголем настан не е заминувањето на човекот на Месечината, туку слегувањето на Христа на Земјата. Од највисоките небесни висини Тој се спуштил како новородено дете во Витлеемските јасли. Тој настан, како и крстот на Голгота, ја преставуваат највисоката точка на човечката историја. Христос е Господ кој дава Сонцето да свети дење, а Месечината и ѕвездите да светат ноќе (Еремија 31,35). Нему „ништо не му е...тешко„ (32,17). Ако го побараме, Тој ќе дозволи да го најдеме!
| < Пред | Следно > |
|---|
- БИГ БЕНГ ( ГОЛЕМАТА ЕКСПЛОЗИЈА)
- ВСЕЛЕНАТА ВО БИБЛИЈАТА
- ОРИОН
- КОИ СЕ ДРУГИТЕ ЖИТЕЛИ НА ВСЕЛЕНАТА ?
- ГИ ЗНAЕШ ЛИ НЕБЕСНИТЕ ЗАКОНИ...?




