
Уште на самиот почеток на создавањето, кога Бог го создал светот и нас, ја создал и саботата – ден за одмор. Во тој ден и Бог се одморил.
Бог немал потреба да одмори, но се одморил. Тој ја создал саботата за нас, за ние да се одмориме.
Саботата е ден за одмор од сите психички и физички активности, од сите грижи и проблеми, од стресот на современиот свет, од сите работи кои не одделуваат од Бог преку целата седмица вршејќи разновидни активности.
Во неа треба да се одмориме во Божјата благодат, да црпиме од непресушниот извор на љубовта, милоста и мудроста Божја.
Во неа треба да се одмориме дружејќи се со нашиот Творец, Спасител, Пријател, кој постојано се грижи за нас и нашите потреби, и кој сака да ни даде мудрост, вера и Свет Дух, за да можеме да бидеме во близок однос со Него и преку целата недела, да бидеме свети како Него, да напредуваме духовно, верно да му служиме и да се спремаме ние и нашите ближни за вечноста во која секогаш ќе можеме да уживаме во Неговото присуство.
„Саботата е создадена за човекот, а не човекот за Саботата.„, па во неа можеме да вршиме дела на милост, љубов, дела во служба на Бог и нашите ближни кои имаат потреба од нас. По примерот на Исус кој одел во синагога во сабота, кој проповедал во сабота, лечел и водел многу души кај Бог во сабота, и ние можеме да ја вршиме волјата Божја во сабота правејќи исто така.
| Следно > |
|---|




