Saturday, May 19th

Последно освежување:07:40:00 PM GMT

Грев

Е-пошта Печати PDF

Ако минатиот пат се постави прашањето од каде потекнува животот, следствено се поставува и прашањето – од каде потекнува гревот???

Ако Бог е љубов , и се што создал ,создал совршено и беспрекорно, тогаш од каде потекнува гревот?

Гревот се појавува паралелно со постоењето на слободна волја, која Бог ни ја дал нас и на ангелите како дар поради неговата љубов спрема нас.

Уште на самиот почеток ангелите го направиле својот избор, избор кој бил пресуден и за човекот, со кој избрале да не му веруваат на Бог.

Кога го пробале плодот на гревот ( јаболкото), тој сам по себе не бил отровен, туку бил тест во кој требало да му ја искажеме нашата доверба.

За жал, со неговото пробување, целиот свет и човечки род има фатални последици, но Бог во Неговата огромна љубов не не оставил сам со нашите последици, уште на самиот почеток направил План на спасение со кој ни обезбедил спасение од гревот преку Христовата крв.

Денес сите ние сме сведоци на последиците од гревот, сведоци сме на многу нови болести и вируси кои се појавуваат во последно време, на голема застапеност на неморал и криминал кај луѓето и општествата воопшто, разводи, семејни расправии, многу изопачени и девијантни однесувања и др.

Гревот е како болест која многу брзо се шири и го разорува човекот, семејството, општеството. Гревот не оддалечува од Бог. Гревот е беззаконие.

Бог ни го дал Законот, но бидејќи сите сме грешни по Законот, ни дал и ветување преку Голгота. Секој верува во Исус ќе биде оправдан преку неговата крв.

Доколку се повикуваме на Неговата праведност, можеме да се испереме од нашите гревови. Плата за гревот е смрт. Но Бог ја докажал Својата љубов спрема нас  со тоа што не дозволи ние да умреме, туку Исус умре за нашите гревови. Само Праведник може да ја победи смртта (гревот). Секој кој верува во Него, нема да умре, туку ќе има живот вечен. Секогаш кога имаме некое искушение или некое разочарување, можеме да се повикаме на Божјото ветување и заедно со Исус да го победиме искушението, да го победиме гревот. Ние сами не можеме, „но се можеме преку Исус Христос кој ни дава сила“.