
Милијарда луѓе, животни, инсекти и растенија живеат на планетата Земја кои секојдневно јадат, дишат, се размножуваат и остваруваат личен живот на оваа планета. Секојдневно умираат и се раѓаат милиони единки.
Но во ова наше брзо и динамично време многу малку луѓе си го поставуваат највеличественото прашање – Од каде потекнува животот?
Дали настанал по пат на еволуција или од Бог?
Ако е по пат на еволуција, кои се нашите предци, како настанал, по која игра на случајност настанал човекот како најсовршен облик од сите живи суштества, хомо сапиенс кој единствено знае да зборува, и со најразвиени психофизички способности?
Ако е од Бог, каков феномен е нашето создавање на толку божествен начин, каков дар ни дарил нашиот Татко и Создател кој секојдневно се грижи за нас и како може да му заблагодариме за нашиот дар, нашиот живот?
Кога би одбрале да веруваме дека Бог не создал, тогаш нашиот живот би имал смисла и надеж, би бил исполнет со љубов кон ближните, со радост за секој нов ден, со благодарност за се што имаме.
Но и кога би ни било тешко, имаме ветување дека не сме сами, дека Бог, нашиот Творец кој се грижи за нас, никогаш нема да не остави гладни, жедни и боси. Само треба да му веруваме, зошто тој е наш Татко.
Бог кога не создал не создал совршени, во совршен рај.
Но поради последиците од гревот, на оваа Земја има многу болести, смрт, гладни и сиромашни, обесправени и обесхрабрени.
Но, Бог повторно сака да ни подари совршен (вечен) живот, затоа дозволил Исус да умре за нашите гревови, за ние да живееме.
Исус рекол: „Јас сум пат, вистина и живот“.
Тој дошол пак да ни подари живот, вечен живот. И секој што верува во Него, нема да загине туку ќе има вечен живот.
Исус рекол: „Јас дојдов да ви дадам живот во изобилство“. Со него во нашиот живот ќе имаме изобилство мир, спокојство и надеж.
Преку Него ние ќе живееме поблиску до нашиот Творец на оваа Земја, и преку Него ќе живееме вечен живот кога ќе дојде пак на Земјата.
| < Пред | Следно > |
|---|




