Saturday, May 19th

Последно освежување:07:40:00 PM GMT

ВЕРА

Е-пошта Печати PDF

Секој човек верува во нешто или некој. Некои повеќе, некои помалку.

Верата го одржува човекот во живот, верата раѓа надеж во човекот за подобар живот, верата раѓа сила за човекот да може да преброди секакви неволји и тешкотии.

Но, нашата вера не се темели на некоја позната личност, ниту на нешто мртво или материјално, нашата вера се темели на Исус Христос.

Многу луѓе може да веруваат во многу библиски доктрини, да бидат теолози, а да не бидат верници. Верата не е само прифаќање на библиски верувања, туку доверба во Личноста за која зборуваат тие доктрини. Исус рекол: „И бесовите веруваат, но треперат„.

Верата е дар од Бога.

Верата излекувала многу болни кои поверувале во Исус, верата охрабрила и довела кај Христа многу измачени и натоварени од грев доколку искрено го барале.

Но Бог ни оставил и Налог да ја бараме од Него, да ја јакнеме во Него и покажуваме. Нашата вера се покажува од нашите дела, бидејќи како што рекол апостол Јаков „верата без дела е мртва“ - Јаков,2.26.

А во 2.18 ни кажува: „Покажи ми ја верата своја без дела свои, а јас ќе ти ја покажам верата своја од делата свои“.

Нашите дела се плод на нашата вера. Така и Аврам ја покажал својата вера со своето дело, кога го принел Исак за жртва, и со тоа поверува Аврам во Бог, и тоа му се прими за оправдание.

Ние се оправдуваме со нашата вера, кога ја покажуваме својата вера низ нашите дела.

Ние секојдневно треба да доаѓаме кај Бог и да го бараме овој скапоцен дар, кој ни го дава во изобилие, и ако сме обесхрабрени треба да признаеме и да му кажеме „верувам Господи, помогни му на моето неверие“, и да ја почувствуваме благодатта со која Бог не опсипува.

А Исус ни рекол „кога барате барајте со вера, и ќе ви биде“.

Наше е да бараме постојано и да ја вежбаме нашата вера, да ја зајакнеме до совршена мера на Христа, а Исус на секоја наша молба и барање би ни кажал : „Нека ви биде според верата ваша“.