Saturday, May 19th

Последно освежување:07:40:00 PM GMT

Љубов

Е-пошта Печати PDF

Христијанскиот живот

Од денес започнуваме со нова тематика во нашата Библиска поука која носи наслов „Христијанскиот живот“, и во неа ќе се задржиме на основните начела на христијанскиот живот, онаков каков треба да биде, и како треба да го живееме.

Љубовта, верата, надежта, животот, гревот, благодатта, саботата, небото, заедништвото, мисијата... сите делчиња од мозаикот на христијанскиот живот за да биде севкупен, ќе ги проучиме, за да може полесно да ги примениме во нашиот живот.

 

Љубов

28.03.09-03.04.2009 год

 

Едно од основните начела на христијанскиот живот е љубовта.

Таа е темел на нашиот христијански живот.

Врз неа почиваат многу христијански начела, а и десетте Божји заповеди се темелат на неа. (Љуби го Бог со сето свое срце, сета своја душа и љуби го ближниот со сето свое срце и со сета своја душа).

Божјите заповеди се основани врз љубовта, само затоа што и Бог е љубов.

Во Еремија 31,3 Бог ни кажува на секој од нас „Те љубам со вечна љубов, затоа постојано ти укажувам милост“.

Најголем доказ на Божјата љубов е Голгота.

„Зошто Бог толку го засака светот, да и Синот свој единороден го даде, да ниеден кој верува во Него да не загине туку да има живот вечен“.- Јован 3,16

Цела Библија ни зборува за Божјата љубов кон нас, како во Стариот Завет, така и во Новиот Завет.

Исус Христос дошол да ни ја открие Божјата љубов кон нас преку Него.

Тој е олицетворение на љубовта. Ни покажал како да се сакаме, да ги сакаме нашите ближни, нашите непријатели и како да го сакаме и Бог.

Љубовта не е чувство, туку начело, таа е дар од Бога.

Љубовта го менува карактерот и не облагородува.

Таа не може да се роди во непосветено срце, Таа е присутна само во срцето во кое владее Христос. Ние луѓето уште од самото раѓање покажуваме себична, човечка љубов, но Исус ни ја покажал Божјата љубов, и ни дал сила и налог и ние да ја покажуваме. Тогаш можеме да се наречеме христијани.