Секогаш кога Бог ги испраќал пророците кај Неговиот народ, тоа било за нивно добро и на нивен благослов. Секогаш кога грешеле ги укорувал, но кога ќе Го послушале, ги чувствувале благословите како плод на послушноста кон Него.
Бог го избрал Израел како негов сведок, но сите народи на Земјата требало да учествуваат во благословите со кои Тој ќе го опсипе својот народ. Израелците требало да го слават Бога пред сите (Исаија,43,21), да ја објавуваат Неговата слава по народите (Ис.66,19), и да им бидат светлина на незнабошците.
Но, сепак израелскиот народ често не ги слушал пророците, па поради тоа не уживале во благословите што им ги припремал Бог нив и на околните народи. Но, како што ни кажува 5.Мојсеева 28 глава имаме ветувања од Бог за благослови ако го слушаме Него и неговите заповеди, но и проклетства ако не одиме по Неговите патишта.
Исто така и Елена Вајт ни укажува на многу совети за здравјето, за воспитувањето на нашите деца, за исхраната, за бракот, и многу други совети за нашиот живот овде на Земјата кој доколку е во согласност со Божјата волја би бил благословен. Исто така како негов народ можеме да ги чувствуваме и благословите кои Бог ги дал за саботата кој како ден за одмор даден од Бога, ни овозможува да се одмориме од секојдневните грижи преку целата недела, да се зближиме со нашиот Творец а и меѓу себе.
| < Пред | Следно > |
|---|
- Толкување на пророчките списи
- Интегритетот на пророкот
- Авторитетот на пророкот
- Тестирање на пророците
- Работата на пророците




