Saturday, May 19th

Последно освежување:07:40:00 PM GMT

Ти си тука: Библиска поука Библиска поука Интегритетот на пророкот

Интегритетот на пророкот

Е-пошта Печати PDF

Пророкот живее праведен живот во кој постојано ја објавува Божјата волја за народот, но пророкот си има свои слабости и свои подеми и падови. Ако се доведе интегритетот на пророкот во прашање, не значи да се доведе и Божјата порака во прашање. Таа е секогаш непогрешива. Но, некогаш пророците знаат и да згрешат...

Да се сетиме само на Мојсеј, кој бил пророк со кого Бог зборувал „лице во лице“, го водел непослушниот народ низ пустината 40 години, секогаш посредувал за него, но на самиот крај пред влезот на ветената земја,

Мојсеј згрешил кога кај карпата со Арон им дале вода. Мојсеј се уште важи за голем пророк во Библијата, и покрај неговата грешка.

Да се сетиме на пророк Јона, кој уште на самиот почеток избегал од неговата обврска да ја објави Божјата порака, но и кога ја објавил и научил дека се е во Божји раце, повторно се налутил и згрешил кога не ја разбрал Божјата љубов која ги спасува сите грешни кои би се покајале, па и тие во Ниневија. Но сепак Јона важи за голем пророк кој покажал голема вера додека се наоѓал во утробата на рибата, а за него и Исус зборувал кога се споредил за својата смрт.

Да се сетиме како пророк Еремија во еден момент на слабост посакува да не прорекува повеќе, но сепак пророк Еремија важи за голем пророк кој ги укорувал царевите и народот за нивниот грев.

Да се сетиме на пророк Илија, кој исплашен од царицата Језавела посакува и да умре, но знаеме како при неговото објавување на Божјата порака немало дожд три и пол години. Има уште многу големи примери на верност во неговиот живот кои покажуваат само колку голем пророк бил Илија.

Исто така, многу пати бил доведен и интегритетот на Елена Вајт во прашање, особено дали е таа вистински пророк или не, но сите знаеме колку Елена Вајт ја воздига Библијата, десетте Божји заповеди, и Божјата волја ја става над се, што не упатува кон другите големи пророци во Библијата кои на ист начин ја објавувале Божјата порака.