Многу пати досега ја утврдивме основната функција на пророкот, важноста на пророчкиот дар за народот и Црквата, а и со тоа беше дефинирана и потребата од пророк за секој народ во сите времиња.
Поуките и опомените што ги дава Бог преку пророците се од небеско потекло – тие се порака Божја за неговиот народ. Пророчкиот дар е даден на Црквата за да ја чува и по неа да се управува. Голема е предноста за нас што го поседуваме тој пророчкиот дар, блажени сме ако ги слушаме неговите совети. Божјото водство и заштита се предност за Црквата која поседува пророчки дар и која по него се управува.
Но што претставувал пророкот во минатото, и што претставува денес, дали тогаш го почитувале и дали ние денес го почитуваме?
Пророкот во минатото уживал голем авторитет кај народот.
Народот верувал и имал голем стравопочит во пророкот, верувал дека пророкот носи Божја порака. Можеби некогаш народот бил непослушен и не му укажувал доверба на Бог, не ги слушал неговите совети и налози, но по традиција му укажувал голема почит на пророкот како глас пратен од Бога.
Освен народот понекогаш пророкот бил авторитет и кај тогашните цареви и фараони. Да се сетиме на Даниел и Навуходоносор, како и цар Дариј и др.
Најголем авторитет во Библијата му припаѓа на нашиот Спасител, Исус.
Исус проштавал гревови, истерувал ѓаволи и др. Но се што правел додека бил на Земјата, Исус правел во тесна соработка со Бога, но истовремено и тој имал апсолутен авторитет (Матеј,29,18). Исус исто така го пренесувал својот авторитет и на учениците (Марко 6.7).
Голем авторитет денес за нас има пишаниот збор, Библијата, која исто така претставува Божја порака за нас.
Во неа е запишана цела историја на народот и светот, сите поуки за нас, во неа е опишана Божјата љубов за нас која особено се гледа во евангелијата и на Голгота, како и иднината за сите народи.
Исто така, за нас адвентистите голем авторитет претставува и нашиот последен пророк, Елена Вајт, која напишала многу книги и сведоштва за нас, како последна црква која ги има заповедите Божји и Духот на пророштвото.
Сите ние како црква и поединци, треба да се однесуваме со почит и авторитет спрема сите пророци во минатото и сегашноста, Библијата и Бога и треба достојно да ги претставиме на другите луѓе со најголема стравопочит спрема нив.
| < Пред | Следно > |
|---|




