
Господ е Пастир мој; ништо нема да ми недостасува, На зелени пасишта Тој ми дава починка; При тивки води - ме води. Ја освежува мојата душа, ме води по патеките на правдата, поради Своето име.

Господ е Пастир мој; ништо нема да ми недостасува, На зелени пасишта Тој ми дава починка; При тивки води - ме води. Ја освежува мојата душа, ме води по патеките на правдата, поради Своето име.
Во својата прва книга ,,Early Writings,, од 1851 година Ellen White напиша дека и беше покажано оти Исус ќе дојде многу брзо. Како поминаа 158 години од тогаш, конфузијата и несигурноста што јасно се гледаат во Adventist Review од 2 јануари, 1992 година посветен на Христовото второ доаѓање, го заменија ентузијазмот на нашите адвентни пионири. Зарем тогаш е чудно што, тогаш според официјалните проценки 70% од нашите младинци ја напуштиле црквата.
Самата Ellen White се соочи со овој проблем во 1883 година: Објавата што ја дадов и во ,,Experience and Views,, 1851 година, се користи за да се докаже дека моето сведоштво е лажно: Видов дека времето на Исусовиот престој во Светињата над Светињите е пред крај и дека може да се продолжи уште многу малку,,.
За да би можеле да ја разгледаме црковната историја,мораме најнапред да го дефинираме поимот црква.Под црква во поширока смисла на зборот подразбираме од Бога основана заедница на луѓе,поради воспоставување, одржување и унапредување меѓу човештвото и Бога.Поради тоа црквата во поширока смисла на зборот се дели на црква на Стариот завет и на црква на Новиот завет,т.е. на предхристијанска и христијанска црква. Црквата во потесната смисла на овој поим е христијанската црква, т.е. црквата која ја основал Исус Христос.
Скромен почеток
Во третата деценија од минатиот век во редовите на православните христијани Бог препознал и повикал еден човек за да го започне Неговото дело во Кавадарци.Денес покојниот брат Добре Илиев,читајќи ја својата Библија открил вистини кои неговата црква не ги почитувала. Во четириесетите години од минатиот век во Кавадарци пристигнале колпортерите Радомир Дедиќ и Александар Радивоевиќ.Доаѓајќи пред вратата на куќата на Добре Илиев,тие му понудиле да купи книги.Наместо да купи книги,тој прво побарал да му одговорат на едно прашање кое многу го мачело: -Дали познаваат луѓе кои не јадат свинско месо и кои празнуваат Сабота? Двајцата изненадено се погледнале еден со друг и веднаш одговориле дека токму тие се такви луѓе.Вратата веднаш широко им се отворила и тие влегле во неговиот дом.Така адвентната вест влегла во Кавадарци.Веднаш по своето заминување тие го известуваат проповедникот во Скопје,братот Ѓорѓи Шемков, кој понатаму ја презема грижата за духовниот напредок на братот Добре Илиев и за развитокот на адвентната вест во Кавадарци и во Тиквешкиот регион.
Својот завет со Христа брат Добре го прави на 7.7.1937година,и со тоа станува првиот верник на адвентистичката црква во Кавадарци.Иако сам,брат Добре не се обесхрабрил,туку верно и истрајно ја искажува својата вера во Христа и неговите вистини.Втората светска војна е на вратата. Виорот на војната носи многу зла во овој крај,но и многу пријателства.Најдобриот пријател и истомисленик во духовните вистини Добре наоѓа во личноста на Нестор Кузманов.Заедно со Нестор двајцата ја проучуваат Библијата и ја чинат првата организирана група во домот на Нестор.Набргу по војната во 1946г. брат Нестор склучува завет со Христа.Во домот на Нестор Богослуженијата ги следат и неговите деца Флора, Горица, Рада и Ванчо Кузманови како и сопругата Сута Кузманова.Семејството на Нестор и семејството на Добре ја сочинуваат првата организирана црква во Кавадарци.Од оваа прва црква би ги споменале: Фруса Златановска ќерка на Добре,нејзината сестра Суза. нивниот брат Никола, Елена Кочовска внука на Нестор а ќерка на Флора Поп-Ицова,нејзините сестри Јефа и Сава добри пријатели на црквата во Кавадарци,Марија Радосављевиќ внука на Нестор ќерка на Горица Јосифовска, нејзината сестра Спасијка пријател на црквата и други.
.jpg)
Следните петнаесет години
Во овој период после војната црквата во Кавадарци го зголемува својот број.Од овој период би ја спомнале Драга Кимова Мара и Нада,потоа Илија Камчев таткото на Ратка Михаилова и Трајче Камчев.Брат Илија Камчев е првата жртва на Евенгелието, кој трагично го губи својот живот 1956г.во близина на селото Дисан каде што е пречекан и до смрт претепан од непријателите на Евангелието.
1965-2008
Од ден на ден бројот на верниците се зголемува.Малата соба на Нестор станува тесна за да ги прими сите верници па затоа во 1965г. одборот во Кавадарци во соработка со одборот на Јужната црквена управа во Ниш купуваат зграда во центарот на градот. Првите плодови во новата зграда се семејствата на Илија и Ката Мирчеви и Зора и Ристо Најдови.Во 1977г. црквата во Кавадарци за прв пат добива местен проповедник, тоа е братот Бранко Поповски со неговата сопруга Елица Поповска.По нив во Кавадарци служат Никола и Даниела Трајкови; Стефан и Анѓа Митрови; Винко и Зорица Станкови; Никола и Роска Аслимовски.Од 1993г. проповедник во Кавадарци е Томе Трајков со сопругата Теринка, за потоа пак да се вратат братот Винко и Зорица Станкови. Сега актуелен проповедник во црквата во Кавадарци еТоме Божинов со сопругата Радица.Низ црквата во Кавадарци досега поминале повеќе од 250 верници во периодот од нејзиното основање во 1937г.се до денес.А денес црквата во Кавадарци брои над 90 верници.
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL